Претседтелката на ОДС, Маја Сталеска, дел од жири комисијата на Европските награди за одговорно домување

Претседтелката на ОДС, Маја Сталеска, дел од жири комисијата на Европските награди за одговорно домување

Во тек се апликациите за Европските награди за одговорно домување. Сите кои сакаат да аплицираат може да се информираат на линкот и да аплицираат до 31 декември 2021.

Претседтелката на ОДС, Маја Сталеска, ќе биде дел од жири комисијата која ќе прави евалуација на дел на апликациите. Категории за наградите ќе бидат:

– Праведно финансирање за достапност на домувањето

– Повеќе од покрив – поддршка на заедниците со еднакви можности

– Лидери на иновациите, агенти на фер енергетска транзиција

– Градење стратешки сојузи, поттикнување учество на заедницата

– Зајакнување на тимот, адресирање на променливите потреби на вработените

* Изданието за 2022 година вклучува и специјална награда за специјални решенија поврзани со пандемијата – „Да се одат повеќе километри во вонредни околности”

Завршната церемонија на Европските награди за одговорно домување ќе се одржи во Хелсинки (Финска) за време на Меѓународниот фестивал за социјално домување (14-17 јуни 2022 година).

https://www.premiosdearquitectura.es/en/awards/41-european-responsible-housing-awards-2021?fbclid=IwAR12qqF6IIdaXX-gX0AO2slsAtxKvjlePQU90kurJQ8diSj2dJoLHmb3LeY

No Comments

Post A Comment