Активни млади за соодветно домување

Активни млади за соодветно домување

Организацијата за домување и станари ОДС Скопје организира полудневни работилници во Скопје за млади до 29 години. Работилниците се во склоп на проектот „Активни млади за соодветно домување” кој се спроведува со поддршка на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка

Методологијата на работилниците ќе ги опфаќа следните теми:  Разбирање на правото на соодветно домување, идентификување на предизвици за домување со кои се соочуваат младите во Скопје, важноста на младинскиот ангажман во решавањето на станбените прашања и вештини и стратегии за ефективно застапување и мобилизација. 
 
Пријавете се и бидете дел од работилниците и станете агенти на промени во остварувањето на своето право на домување преку градење на знаења, вештини и доверба за вклучув ање и залагање за оваа кауза.
 
Работилниците ќе се одржи на 18ти и 19ти септември во Скопје од 12.00 до 16.00 часот. За учество на работилниците треба да ја пополните следната форма.
No Comments

Post A Comment