Тркалезната маса Домувањето и младите во Северна Македонија

Тркалезната маса Домувањето и младите во Северна Македонија

На тркалезната маса „Домувањето и младите во Северна Македонија“ која се одржа вчера во Влада, нашата претседателка Маја Сталеска истакна дека Организацијата за домување и станари ОДС e единствена организација за заштита на потстанарските права, се залага за фер и еднакви можности за сите граѓани преку подобрување на квалитетот на домувањето, а притоа се служи со светски докажани добри примери усогласени на нашиот национален контекст и потреби.
 
👉 Важно е да се обезбеди сигурност на изнајмувачите, кои во најголем дел се млади луѓе, и чии примања во најголема мера се користат за плаќање на прекумерни кирии за изнајмување, кои не секогаш соодвестуваат со реалната вредност на станбениот простор.
 
👉 Потребно е да се рaботи на развој на инклузивни модели за домување кои ќе нудат не само опции на социјално домување или редовно домување, туку модели кои ќе овозможуваат одговор на социо-економските состојби во кои се наоѓаат граѓаните.
 
👉 Локалните заедници мора проактивно да одговараат на предизвиците со домувањето, и поврзано со младите, но и генерално. Треба да се работи на партиципативни процеси преку кои ќе се развијат локални информативни служби за домување и локални шеми за да им се помогне на младите да добијат пристап до домување.
 
👉 Изработивме методологија која ќе послужи во креирањето на правични и фер цени, како за изнајмувачите, така и за сопствениците на станбен простор. Преку неа даваме придонес кон подобрување на квалитетот на домувањето и им помагаме на младите во заштита на нивните права како изнајмувачи.
 
Тркалезна маса се одржа во рамки на Фестивалот за домување „Безбедно, достоинствено и пристапно домување за сите“ кој ќе се одржи денес, со почеток во 12:00 часот во Паркот на Франкофонија, а го организираме заедно со Фондацијата „Фридрих Еберт” и Социјалдемократска Младина на Македонија.
No Comments

Post A Comment