Организација за домување и станари ОДС е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој на територијата на Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот.
ОДС се залага за остварување цел на унапредување на домувањето, животните услови и правата на станарите во Република Северна Македонија.
Визијата на Организација за домување и станари ОДС е: Пристојно и пристапно домување и заштитени станарски права.
Мисијата на Организација за домување и станари ОДС е: да се создадат услови за пристојно и пристапно домување за сите и можности за избор на пристојно живеалиште.
Основни цели и задачи на Организација за домување и станари ОДС се:
Дефинирање на домувањето и поддршка на домувањето како основно човеково право
Креирање на препораки и стандарди за достоинствено домување
Креирање политики за создавање одржливи домови
Подобрување на квалитетот на живеење и на јавниот простор
Подигнување на свесноста за прашања од областа на домувањето
Подобрување на урбаната култура на живеење
Социјално домување
Анализа на постоечката состојба и законска регулатива
Учество и поддршка на дефинирањето на деталните урбанистички планови
Одбележување на меѓународните денови на домувањето (ОН)