Хабитат ден – одбележан со панел дискусија во Europe House Skopje

Хабитат ден – одбележан со панел дискусија во Europe House Skopje

Во просториите на Europe House Skopje во Скопје, го одбележавме Хабитат ден – светски ден на живеалиштата кој воедно е и интернационален ден на потстанарите во светот.
habitat-den-eu-house
Панел дискусија беше посветена на предизвиците со домувањето во Македонија за да се издигне важноста на домувањето на секој граѓанин. Присуствуваа Зоран Маџовски, Претседател на регулаторната комисија за домување на Македонија, Iva Petrunova, Магистер инженер архитект и доктор од подрачјето на општествените науки од полето на социологијата и Maja Staleska претседател на ОДС.
 
Говорeвме за состојбата со домувањето во Македонија, што се случува со унапредување на законот за домување, домувањето и ранливите групи, одржливото домување, потребата на зголемување на инспекторите за домување, регулирање на закупите за издавање станови/куќи, потребата за нова стратегија за домување и интегрирање на домувањето низ другите институции на локално и национално ниво и многу други предизвици. Од изложеното има заклучоци дека пред нас имаме многу работа.
 
Домувањето е исклучително важно за секој граѓанин. Потребна е сеопфатна анализа и ставање на домувањето на приоритет на државно ниво и во програмите на политичките партии.
 
Главната порака од настанот е дека посветената работа за унапредување на условите за домување и станарските права ќе продолжи.
Им благодариме на Olof Palme International Center за поддршката да го организираме овој настан и голема благодарност на Europe House Skopje за логистичката помош и доделување на користење на просторот.
 

„Правата на домување во движење“ - проект и соработка со Olof Palme Intermational Center

No Comments

Post A Comment