Ја имавме честа да пристигне делегација од високи претставници на Шведската унија на станари во Скопје.
Одржавме работна средба и тренинг сесија во која разменивме искуства за:
• Како успешно да се изгради движење и членство на потстанари во Македонија
• Кои се добрите практики во однос на правната рамка за станарските права
• Како Шведската унија на станари работи на локално ниво
• Кои модели на пристапно домување се на сила во Шведска и зошто би можеле да бидат успешно применети кај нас
• Како да се застапуваат потстанарите и многу други модели на успешно работење.
No Comments