ОДС во просториите на студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје, одржа работна средба со студентите кои живеат во студентските домови и под кирија во приватни станови.
Разговаравме за предизвиците кај домувањето на студентите и младите и потребата за развој на модели за домување. Студентите имаат право на пристап до квалитетно домување и пристојни услови за домување додека студираат и откако ќе ги завршат студиите.
Им благодариме на Државен студентски Дом – Скопје за партнерството и соработката. Во тек се подготовки за поопширна соработка со студентите на кои заедно ќе работиме на унапредување на условите за домување.
No Comments