Серија на вебинари со фокус на правото на домување

Серија на вебинари со фокус на правото на домување

ОДС одржа серија на вебинари кои покрај домувањето во својот фокус имаше и специфични теми кои беа обработувани.

ODS-webinari

Првата средба се одржа на 01.09.2022, кога зборувавме за домувањето како основа за развој и за моделите на системски решенија во домувањето. И благодариме на д-р. Лилјана Алчева од Хабитат Македонија за одличната презентација и умешноста да се претстави домувањето во различни димензии.

Вториот вебинар се одржа на 27.09.2022. Зборувавме на тема “Одржливо домување за ефективна климатска политика и одржлив развој”, заедно со Ivana Vuchkova, М-р по економија и одржлив развој.

Интересниот спој на прашања поврзани со климатските промени и правото на домување, беа дискутирани. Како да гарантираме социјална правда и еднаквост дома, одржлив развој и безбеден дом.

Го покривме и прашањето за Домувањето кај жените жртви на семејно насилство, кој го водеше Maja Dilberova, Претседателка на Кризен Центар Надеж. Ова беше тематиката на претпоследниот вебинар.

Од низата на вебинари, последниот за 2022 се одржа на 14.11.2022 . Зборувавме на тема “Политики за домување како алатка за намалување на сиромаштијата”, заедно со Biljana Dukovska, Претседателка на Македонска платформа против сирмаштија.

Отворени беа важни прашања засновани на принципот на човекови права, како се поврзани домувањето и ризикот од сиромаштија и квалитетното домување и човеков развој

Активностите се поддржани од Шведската унија на станари Hyresgästföreningen

No Comments

Post A Comment