ОДС спроведе фокус групи

ОДС спроведе фокус групи

Ве известуваме дека во рамките на проектот “Правата на домување во движење“, поддржан од Olof Palme International Center, спроведе фокус групи со граѓани од 5 различни општини во Македонија (Битола, Штип, Скопје – општина Карпош, Центар и Аеродром).

На фокус групите разговаравме за предизвиците и искуствата на потстанарите во Македонија. Зборуваме кои се проблемите при живеењето под кирија и што треба да се подобри.

Во Битола зборуваме за животот како потстанар во овој град, а средбата се одржа на 28ми септември.

Во просториите на канцеларијата на Гласен Текстилец се одржа фокус групата во општина Штип, на оваа средба зборуваме за животот под кирија, кои се проблемите и искуствата на граѓаните во Штип.

На 4, 15 и  22 ноември во Скопје беа организирани работни средби да разговараме за искуствата на животот како потстанар.

Отворено зборувавме за проблемите и предизвиците на живеењето под кирија и кои се вашите предлози за подобрување на сегашната состојба. #tenantsrights #decenthousing #housing #Tenants #housingforall #HousingRights

 

No Comments

Post A Comment